Прекугранична соработка со Блулинк - Бугарија
Прекугранична соработка на НВО Ековита
Од 10 до 15 Септември 2007 год. благодарение на грантот од Балканска фондација за деца и млади, двајца членови на Младинската група на Ековита ја имаа можноста да ја посетат Софија и да разменат знаења и искуства со четири Бугарски еколошки и младински невладини организации.
За време на една недела колку што траеше посетата, како Ековита, така и домаќините од Бугарија имаа можност да ги претстават своите тековни и минати проекти да разменат идеи за идните планови и сл. Оваа младинска размена претставува важен чекор во воспоставувањето на идни прекугранични соработки, се со цел подобрување и заштита на животната средина на Балканот.
Донатор: