Проблеми со спорите при одгледувањето на печурки Буковката (Pleurotus sp.) се размножува полово со базидиоспори кои се наоѓаат на ламелите од долната страна од плодните тела.
Микроскопска слика на базидии со базидиоспори од буковка (Pleurotus sp.) Кога ќе созрее буковката односно кога ќе се исправи работ на плодното тело, таа ги испушта спорите во огромни количини. Ако не се оберат навреме плодовите, целата просторија ќе биде побелена од спорите. Презреаните плодови не се квалитетни за продажба и преработка. Презреани плодови од буковка (Pleurotus sp.) рабовите се извиткани нагоре, бербата е задоцнета 2 дена За да не се случуваат овие проблеми, производителите треба да внимаваат: o Фармата да биде што подалеку од местото на живеење, o пред да се влезе во просторијата да се вклучи вентилаторот, за да се отстранат спорите од воздухот, o навреме да се берат плодовите, да не се дозволи работ на шеширот да се исправи нагоре, o за време на бербата и селекција на печурките задолжително да се носи заштитна маска, o редовно да се контролира издувните вентилатори, бидејќи спорите најмногу се лепат на перките и ја отежнуваат работата на моторот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Во нашата популација 10% на луѓе се алергични на спори од буковка. Алергијата се карактеризира со постојано надразнувачко кашлање, особено се интензивира при влезот во просторијата каде се печурките. Доколку лекарот констатира алергија, производителот ВЕДНАШ да прекине со одгледувањето на печурки и да се насочи на друго производство. Дипл. инж. биолог Маја Тодорова Дипл. инж. биолог Сашко Тодоров