ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА ВО ШКОЛО

Координатор на проектот:                     Дипл. инж. биолог   Сашко Тодоров

Асистент Координатор на проектот:    Дипл. инж. биолог   Тања Николовска

Стручен соработник:                               Дипл. проф. по биологија   Горан Ќимов

Стручен соработник:                               Дипл. проф. по одд. настава   Катерина Димовска

Проектот  се одвива во две основни школи

Никола Карев од Радовиш

Гоце Делчев од С.Долни Дисан  Неготино

Овој еколошки проект ќе го испитува влијанието на загадувачите врз животната средина и заштита од нив со помош на фиторемедиација.

Фиторемедиација е метод на користење на одредени видови на растенија кои имаат способност да ги задржат и акумулираат штетните материи од водата воздухот и земјата.

Овој проект се реализира  во рамките на  проектот

“Оддржливо чистење и управување со загадувањето во рудниците Бучим и Лојане”

кој се реализира во Општините Радовиш и Липково.

www.westernbalkansenvironment.net

Проектот ќе се реализира преку УНДП  

www.undp.org.mk 

донатор е Холандската влада

www.nlembassy.org.mk

Во проектот ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА ВО ШКОЛО од основното училиште Никола Карев од Радовиш учествуваа 20 ученици. Овие ученици се членови на секцијата Млади Биолози.

Учениците заедно со својата наставничка по биологија Тања Николовска вршеа мониторинг на три локации во околината на Радовиш. Првиот мониторинг беше на 09,04,2010 год. на локацијата Канлиева воденица. Следното беше на местото Панорама на 18,04,2010 год. За трета локација беше одбрано местото Чаим Баир на 25,04,2010 година

 Растенијата кои учениците ги собира се искористија за изработка на хербариум. Во исто време ги фотографираа а потоа се изработи и дигитален хербариум. Особено внимание се посветуваше на лишаите како индикатори на загаденоста на воздухот. Учениците цело време работеа со голем интерес.

Во училиштето од Долни Дисан, еколошката секција ј аводи професорот по биологија Горан Ќимов. Во оваа секција членуваат 20 ученици. Постени се две локации во околината на селото.

Целта на овој мониторинг е да се испита биодивирзитетот на двете Општини за да се види како загадувачите влијаат врз растителниот свет.

Посета на рудникот Бучим – погон флотација

На 19,05,2010година учениците од двете училишта го посетија рудникот Бучим, при што се запознаа со процесот на преработка на рудата. Го посетивме погонот Флотација од каде испаѓа пулпата и која претставува најголемиот отпад кој ја загадува околината.

Посета на јаловиштето на Бучим

Потоа го следевме патот на пулпата до хидројаловиштето каде се таложи и претставува жариште за загадување на околината.

Во кругот на Бучим од биоиндикаторите го пронајдовме лишајот од родот Xantoria која е една од најиздржливите видови.

Фиторемедијација во Бучим

На учениците им се објасни практично како изгледа фиторемедијацијата и на кој начин го ублажува штетното влијание врз природата.

Посета на училиштето Никола Карев во Радовиш

На 04,06,2010 година учениците од Радовиш направија возвратна посета на училиштето во Долни Дисан. Ова училиште се наоѓа во чиста и незагадена околина во која најмногу е развиено лозарството.

Посета на млин во Долни Дисан

Во училишниот двор на Гоце Делчев во Долни Дисан двете училишта си ги измерија своите сили во мал фудбал

Носење на садници

Садење на растенија

Во училишниот двор на Никола Карев се засади зелен појас од растенија кој ќе претставува природен филтер за заштита од загадувачите.