ДОНИРАЈ ЗА БЕЗБЕДЕН ДОМ И БЕЗБЕДНА ОКОЛИНА

Проектот е финансиран од Европската Унија

Донирај за безбеден дом и безбедна околина

Со развојот на технологијата речиси да не постои човек што не е изложен повеќе или помалку на нејонизирачко електромагнетно зрачење, дури и во домовите, па и во просториите каде што сакаме да се релаксираме и одмориме од секојдневните обврски. Сознанијата и истражувањата поврзани со штетни ефекти на ова зрачење врз човечкото здравје иако оскудни и недоволни сепак укажуваат дека постои врска помеѓу изложеноста на ваквото зрачење и можни нарушувања на здравствената состојба. Земајќи го овој факт во предвид и нашата идеја: “Донирај за безбеден дом и безбедна околина!” луѓето би биле заинтересирани и би инвестирале да дознаат колку всушност се изложени на ЕМ озрачување и како тоа да го намалат во рамки на своите можности.

Наш предизвик првенствено ќе биде да преку идејата “Донирај за безбеден дом и безбедна околина!” со мерење на Електромагнетното зрачење од рутерите и мобилните телефони во домовите во повардарието.

Укажување на изложеноста на зрачењето и советување како да се намали зрачењето, би придонела за општо добро, ќе допреме и побудиме интерес кај граѓаните и компаниите и ќе ги поттикнеме за донирање и финансирање на нашите идеи. Ќе бидеме повеќе видливи за граѓаните со нашите активности во Општината.

ЕКОВИТА со својот проект ќе  го мери и идентификува загадувањето во градот, околните населени места и соодветно ќе реагира. Ќе гради партнерства и коалиции со другите здруженија од државата за размена на искуства со слични проблеми. Ќе обезбеди поддршката од граѓаните и поттикнување граѓански активизам и учество на млади волонтери за следење и решавање на еколошките проблеми.

Од донираните средства ќе се набават други апарати за мерење за

зголемување на опсегот на мерење.

 Промотивен настан во Неготино

Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.

за повеќе информации на проектот:

070/684-036     ekovita@hotmail.com        www.ekovita.mk