Европски фармер
Координатор на проектот: Дипл. инж. биолог Сашко Тодоров
Стручен соработник: Дипл.инж. агроном Драги Стојанов
Стручен соработник: Инж. агроном Зоран Начев
Стручен соработник: Дипл инж. биолог Горан Ќимов
Сметководител: Јордан Темелков
Буџет: 239 410 денари
Време на реализација: Јануари до Јули 2007 година
Проектот е финансиран од:
Балканска фондација за деца и млади
www.balcanyouth.com
Донатор:
www.studio-moderna.com
Кратка содржина: Фармерско одгледување на габата буковка според EUREPGAP (денешен GLOBALGAP) нормите. Активностите се спроведуваат во три општини: Неготино, Карбинци и Валандово.
Слики од проектни активности:
Презентација пред едукантите
Подготовка на компост
Едукант
Посета на претставник на донаторот СТУДИО МОДЕРНА од Словенија
Проф. Д-р. Владо Димовски во село Бистренци Неготино
Носење на готов супстрат од буковка во земјоделското училиште во Валандово
УПАТСТВО ЗА АМАТЕРСКО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА БУКОВКАТА
- ОДГЛЕДУВАЊЕ НА БУКОВКАТА
Буковката е позната и ценета печурка. Нема некои поголеми ризици во текот на одгледувањето, отпорна е на болести и штеточини, покажува голема толеранција кон температурата, дава големи приноси и е со одличен вкус, па поради тоа посебно се препорачува на почетници. Најдобро се одгледуваат од септември до мај, додека во зимниот период потребно е да се одржува температурата над 14С.Услови за одгледување се:-ОБЈЕКТИ: можат да се користат гаражи, подруми, напуштени објекти и други места со голема влажност.
-СВЕТЛИНА: претставува битен фактор за правилниот раст и развој на печурките, објектот треба да биде добро осветлен. Да се избегнува дирекно сончево осветлување, но при целосен мрак печурките не се развиваат.
-ВЕНТИЛАЦИЈА: печурките при дишењето користат кислород и испуштаат јаглерод диоксид, затоа потребно е многу да се внимава со вентилацијата. За помали количини на супстрат доволна е природна вентилација со отворање на прозор и врата (правење на провев), а за поголеми количини потребен е систем за вентилација. Доколку не се обезбеди овој фактор доаѓа до деформација на плодот во вид карфиоли.
-ВЛАЖНОСТ: треба да изнесува од 80 – 90%. За да се обезбеди овој услов потребно е на подот да се стави ситен песок и да се прска со вода.
-ТЕМПЕРАТУРА: оптималниот опсег изнесува околу 14-24С, минимална температура на која можат да опстанат е до 2С а максимална до 30С.
-ХИГИЕНА: просторот каде што се одгледуваат треба да биде потполно чист, варосан и испрскан со фунгицид и инсектицид посебно околу вратата и прозорците. Вреќите во кои ќе се одгледуваат треба да се чисти и по можност нови.
2. СУПСТРАТ И НЕГОВА ПРИПРЕМА
Како супстрат најчесто и најдобро за одгледување се користи сламата, која треба да биде со добар квалитет, а потоа балите на најлон се растураат на чиста бетонирана површина и неколку пати се меша и прска со вода, се покрива со најлон, и за 24 часа сламата ќе прими доволно влага (сламата не треба да се влажни повеќе од 24 часа во лето).
Овој начин на влажнење е препорачлив за почетници затоа што се обезбедуваат хигиенски услови при влажнењето на сламата. Не се препорачува влажнење во буриња и базенти, бидејќи при недоволно чистење на истите секогаш остануваат места каде се развиваат микрорганизми (бактерии) и при наредното влажнење може да го уништи целиот супстрат.
Важнењето на сламата има и за цел да се активираат спорите на мувлите, кои за 24 часа клијат и преминуваат во вегетативна фаза. (спорите на мувлите можат да издржат температури и до 100С но мувлите во вегетативна фаза умираат и на 60С.
Доколку сламата се растури на најлон и се испрка со вода а потоа се покрие со најлон, таа ќе прими доволно влага и кислород за да се активираат спорите на мувлите, а потоа со варењето многу полесно ќе се уништат сите микроорганизми.
Стерилизацијата се изведува со вриење на супстратот (сламата) 30 мин. во поголем сад (буре, казан), се вади и се става на чиста површина а потоа се покрива со најлон. Најважно е пред засејувањето сварената слама да биде оладена на температура под 25С, бидејќи на температура над 40С мицелиумот се уништува, (сварената слама да се посее истиот ден). Најголеми грешки во одгледувањето на габите се прават токму во оваа фаза. Затоа е потребно да се избере што поквалитетна слама, мувлосана да не се употребува и варењето да се изведе што подолго.
3. ЗАСЕЈУВАЊЕ СО МИЦЕЛИУМ
Засејувањето се врши со миниум 3 литри мицелиум на 100 кг. термички обработен супстрат. Мицелиумот што го добивате е пакуван во пластични кеси од 1.5 литри и е доволен за засејување на 50кг. сварена слама или четири вреќи од по 13кг. За почетници подобро е да се употреби поголема количина на мицелиум. На најлонските вреќи пред полнењето, да им се направат неколку реда на отвори со големина од 15-20 мм на растојание од 20 см. (се прави со наострено цевче). Се кини кесето од мицелиумот се зема малку од семето и се става на дното од вреќата а врз него се става ред слама (околу 10 см.) и така се полни наизменично се до врвот. Треба да се внимава вреќите да бидат добро набиени, на врвот се подврзуваат, а на долниот дел се сечат врвовите како би можело да истече вишокот на водата. Вака наполнети вреќите се носат во просторијата каде што ќе се одгледуваат. Се редат во редови со растојание меѓу вреќите од 40см. По засејувањето вреќите да не се преместуваат од едно место на друго, бидејќи може да дојде до оштетување на мицелиумот.
ЗАСЕЈУВАЊЕ НА СЛАМАТА СО МИЦЕЛИУМ
- ИНКУБАЦИЈА
Периодот на инкубација започнува од засејувањето до појавата на првите плодови, и во зависност од видот трае околу 3 недели. Со намалување на температурата само ќе се зголеми периодот на инкубацијата. За неколку дена мицелиумот ќе почне да се шири од секое зрно што јасно се гледа преку вреќата. За време на инкубацијата треба да обрасне (да побели) целата вреќа. Во оваа фаза додека не се појавени печурките и во колку има појава на мушички може да се испрска со некој инсектицид.5. ФРУКТИФИКАЦИЈА
После 3-4 недели преку отворите се појавуваат првите зачетоци на буковката кои наликуваат на мал грозд. По 4-5 дена од нивното појавување веќе го добиваат потребниот облик. Бербата почнува откако рабовите на шеширот на печурката ќе се исправат, тогаш со вртење на лево и на десно се откинува целиот грозд. После 2-3 дена од првата берба со нож се отстрануваат остатоците од печурките дршки, неразвиени) и вреќите се оросуваат со вода. Вториот бран се појавува за 10-15 дена и следи истиот развој на печурките. Во зависност од видот и условите, приносот на печурките се движи од 15-25% од супстратот. Одгледувањето завршува со третата берба и вреќите се изнесуваат од просторијата. Истрошениот супстрат понатаму може да се искористи за одгледување на калифорниски црви за добивање на високо квалитетно губриво - ЗАШТИТА
Се следи развојот на печурките од засејувањето до последната берба. Ако во почетокот мицелиумот добро и брзо се развива, тогаш буковката станува отпорна на многу болести. Проблемот со мушички е многу голем, посебно ако тие зазеле голем замав. Потребно е просторијата да биде заштитена со мрежа, која се поставува на прозорците и го спречува нивното навлегување, а во случај на појава на мушичките, треба да се испрска со некој инсектицид (нео-итроид, буба-кил). Треба да се избегнува прскањето кога печурките се веќе појавени. Главна мерка за заштита од штеточините е правилна стерилизација на супстратот и дезинфекција на просторијата.
7.МИЦЕЛИУМ
До употребата да се чува во обичен фрижидер на температура од 2-4С најмногу два месеца. Мицелиумот во ќесето треба да биде чисто бел, во спротивно да не се користи. Пред засејувањето потребно е да се држи 24 часа на собна температура.
8.ЗАБЕЛЕШКА
Доколку се избере неквалитетна слама и не се изведе правилно стерелизацијата, мицелиумот слабо се развива и подоцна ке се изгуби. Вреќите ќе потемнат (мувлосаат), ќе проникне житото и ќе се појави мастилавката (Coprinus sp.). Најчесто овие вреќи ги привлекуваат мушичките и претставуваат опасност за другите вреќи, затоа треба да се изнесат и исфрлат што подалеку од просторијата каде се одгледуваат печурките. Посебен проблем е преминот од аматерско кон индустриско произвотство. Најмногу се заборава на вентилацијата која претставува битен фактор. Прв симптом на загушување со јаглерод двооксид е деформација на плодните тела во вид на карфиоли кои се развизаат под вреќата. За успешно произвотство потребно е да се исполнат сите услови: квалитетна слама, правилна стерилизација, квалитетен мицелиум, услови во објектот и продажба на производот.
За повеќе информации за проектот
Ве молиме да не контактирате.
ekovita@hotmail.com
Благодарност до фирмата :
НАЧЕВ КОМПАНИ Дооел
Карбинци
Производство на квалитетен супстрат за габите Буковка, Шии-таке, Ганодерма
тел: 032 300 220