Тера Мадре 2008

Тера Мадре 2008

Третиот саем за традиционална храна од заедниците Терра Мадре се одржа од 22 до 27 октомвври во Торино Италија. На Саемот присуствуваа околу 7000 делегати од 154 земји. Покрај изложбениот дел се одржаа и форуми за здрава храна.

Македонија за првпатбеше претставена на овој саем со 8 претставници од невладини организации од Неготино, Македонски брод и Маврови Анови.

Невладината организација ЕКовита од Неготино ја претставуваа Сашко Тодоров и Лазов Ќире.

Мотото на овој меѓународен митинг е да се промовира здравата храна со свој бренд, произведена на драдиционален начин со одржливо искористување на животната средина.

Домаќин на македонската делегацијабеше винаријата Ла Спинета од Кастањоле Ланце, во која половина од вработените се македонци. Бевме одлично примени и не запознаа со нивниот печалбарски крај.

Посета направивме и на традиционалниот саем на тартуфи кој се одржува во градот Алба.

Делегацијата се врати со богато искуство и се запознавме со традиционалната храна од другите народи.

Спонзор на посетата е фондацијата Терра Мадре од Италија.  www.terramadre.info

а организатор е Ludwig Boltzmann Instite of Human Rigts Research  Association (BIM FV).

World Meeting  TURIN  Italy   October 23-27 2008

За повеќе информации за проектот

Ве молиме да не контактирате.

ekovita@hotmail.com