ЕКОВИТА во месеци Април и Мај 2021, го спроведува проектот:
ЕКОЛОШКИ БАРОМЕТАР
Целта на ова истражување е почитување на Архуската конвенција во Неготино.
добиен од Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ од Скопје, со поддршка на Цивика Мобилитас, во рамки на проектот – “Центар за јавни политики”,
На Ековита веќе и е доделен ментор од страна на Здружението ЗМАИ, со кој ќе ја следи имплементацијата на истражувањето и ќе им им биде дадена поддршка при спроведување на сите истражувачки активности.
По спроведување на истражувањето, истражувачките трудови ќе бидат вклучени во заедничка публикација со препораки и клучни сознанија добиени преку анализа на податоците.
Ековита заедно со другите организации избрани на конкурсот се обврзуваат да учествуваат и во завршниот настан за промоција на своите истражувачките трудови.
Во изминатиот период членови на Ековита учествуваа на 8 модули на обуки и се подготвени да го реализираат ова истражување.
Буџет на регрантот: 17 500 денари
Повеќе информации можете да добиете на ekovita@hotmail.com